Одбележан Денот на планетата Земја

Денес го одбележуваме Денот на планетата Земја. Знаете, онаа планета што е наш дом и што треба да ја чуваме и негуваме. Грижата за нашиот дом се вкоренува уште од мали нозе, а ние секојдневно зборуваме и правиме активности со учениците за да ја поттикнеме разликата во размислувањето за светот околу нас. Секој од нас е можеби мал, но сите заедно можеме да направиме голема разлика.

Нашите мали,а големи екологисти и уметници твореа на хартијата што ја рециклираа и своите креации ги посветија на нашиот заеднички дом – планетата Земја! Уживајте во нивните дела!