Лого на ООУ Страшо Пинџур

ООУ "Страшо Пинџур"

Неготино

Ул. „Партизанска", 146, Неготино 1440

www.spingur.mk

„Обединети во различноста"

Современо, инклузивно и ученичко-центрирано образование со силен фокус на природните науки, јазици и проектно учење.

Содржина

🎯

Мисија и Визија

Нашите цели и вредности

📖

За училиштето

Историјат, организација и ресурси

🚀

Проекти

Еразмус+ и меѓународна соработка

🌱

Еко календар

Активности за заштита на животната средина

👨‍🏫

Кодекс за наставници

Правила за професионално однесување

👥

Кодекс за ученици

Правила за учениците

Мисија и Визија

🎯

Мисија

Реализираме современа и квалитетна настава која е приспособена на потребите и интересите на учениците за почитување на различните етнички заедници и поттикнуваме доживотно учење

🔮

Визија

Нашето училиште да биде училиште со современа, ефикасна и квалитетна настава прилагодена на потребите и интересите на учениците од различни етнички групи во една безбедна и дисциплинирана средина!

Наше мото

„Обединети во различноста"

За училиштето

🏛️ Историјат и традиција

Изградбата на старото училишно крило започнува во 1933 г. и завршува во 1937 г.

Наставата започнува во 1937/38, а по ослободувањето училиштето го добива денешното име „Страшо Пинџур".

Како институција, училиштето е официјално основано на 01.12.1944 г. со акт на тогашниот Околијски народен одбор – Неготино.

🏆 STEM School Label - EXPERT

Училиштето е носител на највисокото ниво на STEM School Label, што ја потврдува посветеноста на висококвалитетно STEM образование и иновативни практики во наставата.

Училиштето е исто така носител на NBS експертиза.

📊 Бројки

Паралелки: 47
Ученици: 853
Наставници: 67

⏰ Смени

1 смена:

07:30 – 12:55

2 смена:

13:30 – 18:50

Месечна ротација

📚 Библиотека

Учебници: 7,777
Лектири: 8,205
Стручни: 229
Други: 1,832

🤝 Инклузивна култура

Во училиштето функционира Инклузивен тим на ниво на школа и индивидуални тимови за ученици, со изработка и следење на индивидуални образовни планови (ИОП) во соработка со стручни служби и ресурсни центри – пристап кој доследно ја поддржува еднаквата вклученост на сите ученици.

🛡️ Безбедност и дежурства

Редовно се одвиваат дежурства на учениците и наставниците, според однапред направен распоред, а најголема обврска околу безбедноста има лицето за обезбедување кое е вработено преку агенција за обезбедување.

🌱 Еко патрола

Почнувајќи од второто полугодие минатата учебна година во нашето училиште започна со работа Еко-патролата, како дел од активностите за развивање на еколошка свест кај учениците и одржување на чиста и здрава училишна средина.

Оваа иницијатива е организирана со учество на дежурни ученици кои секојдневно, по завршување на големиот одмор, патролираат низ училишниот двор и собираат отпадоци користејќи соодветна заштитна опрема (ракавици, ќеси и др.).

Цели на активноста:

  • • Развивање на одговорност и активен однос кон заштитата на животната средина
  • • Подигнување на свеста за одржување на чистотата во заедничкиот простор
  • • Поттикнување на тимска работа и волонтерски дух
  • • Намалување на отпадот и унапредување на хигиената во училиштето

Еко-патролата се реализира во координација со одделенските и предметните наставници, а учениците ротираат по однапред утврден распоред. Активноста беше позитивно прифатена од учениците и наставниците и придонесе за значително почиста училишна околина.

🎭 Клубови

Во нашето училиште функционираат низа клубови:

💡

Иновативен клуб

Развивање на креативност и иновативни решенија

🇬🇧

Клуб на англиски јазик

Унапредување на јазичните вештини

🎨

Ликовен клуб

Развивање на уметнички талент

🎭

Драмски клуб

Театарски перформанси и изразување

📚

Клуб на читатели

Промовирање на читањето и литературата

Проекти и меѓународна соработка

🇪🇺

ЕРАЗМУС+

Меѓународни проекти

Creating the Network of Excellent ULCA Schools

Носител: Католички Универзитет од Ружомберог, Словачка

Период: До март 2026 година

Smart Green Spaces

Носител: Robotica Academy Bulgaria

Период: До март 2026 година

⚖️

БРО

Антикорупциска едукација

Антикорупциска едукација за учениците

Одговорен: наставник по граѓанско образование

Период: Континуирано

🌱 Smart Green Spaces - Активности

🏢 Во училиштето

  • • Поставување „зелени катчиња" во ходниците
  • • Училишна мини-градина
  • • Садење автохтони растенија
  • • Изработка „хотел за пчели"

🗺️ Во заедницата

  • • Дигитална мапа на зелените простори во градот
  • • Соработка со локални институции
  • • Промоција на еколошката свест

Еко календар

🍂

СЕПТЕМВРИ

16 Септември - Ден за заштита на озонската обвивка

UV експерименти, постери, еко-пораки

22 Септември - Ден без автомобили

Еко-марш, велосипедски натпревар

🎃

ОКТОМВРИ

4 Октомври - Светски ден на животните

Пано за загрозени животни, храна за прифатилишта

13 Октомври - Ден за намалување ризик од катастрофи

Симулациска вежба за евакуација

🍁

НОЕМВРИ

6 Ноември - Ден за спречување еколошка експлоатација

Дискусија, документарен филм, постери за мир

❄️

ДЕКЕМВРИ

5 Декември - Светски ден на почвата

Експерименти со почва, 3D модел

11 Декември - Меѓународен ден на планините

Планинарска симулација, фото изложба

🌨️

ЈАНУАРИ

26 Јануари - Меѓународен ден за еколошко образование

Интерактивна работилница, еко-квиз

💝

ФЕВРУАРИ

2 Февруари - Светски ден на влажните подрачја

Цртежи, презентации за биодиверзитет

🌸

МАРТ

18 Март - Светски ден на рециклирањето

Акција за собирање отпад, креативни предмети

21 Март - Светски ден на шумите

Садење дрвца, пано „Едно дрво – едно семејство"

🌷

АПРИЛ

7 Април - Светски ден на здравјето

Панел-дискусија, флаери за здрава средина

22 Април - Ден на планетата Земја

Голема акција за чистење, еко-пано

🌺

МАЈ

20 Мај - Светски ден на пчелите

Посета на пчелар, модели „Без пчели – нема живот"

22 Мај - Светски ден на биодиверзитетот

Природонаучна прошетка, каталог на биодиверзитет

☀️

ЈУНИ

5 Јуни - Светски ден на животната средина

Проект „Ја сакам мојата планета", литературен конкурс

Кодекс на однесување

👨‍🏫

Наставници и стручни соработници

Да го почитуваат работното време

Да го почитуваат времетраењето на часот

Да оценуваат реално

Да се пример со своето облекување и однесување

Да ја почитуваат личноста на секој ученик

Да ја почитуваат различноста на учениците, да не ги дискриминираат

Да создаваат пријатна работна атмосфера

Да не влегуваат во конфликт со учениците

Да ги известуваат учениците за контролни задачи и тестови

Да ги евидентираат отсутните ученици на почеток на часот

Да внимаваат на својот говор, тој треба да е литературен и јасен

Да настојуваат ученикот навреме да ги извршува своите задачи

Да соработуваат со родителите

Да ги почитуваат сите вработени во училиштето!

👥

Административен и технички персонал

Да го почитува куќниот ред на училиштето

Да ги почитува и соработува со наставниците, стручните соработници и директорот

Да доаѓа навреме на работното место

Совесно и одговорно да ја извршува својата работа

Да го почитува времетраењето на паузата

Да остварува коректна комуникација со останатите вработени без вербални напади или навреди

Не треба да дискриминира друг вработен или ученик по вера, раса, возраст, пол или економски статус

Со својот лик, однесување, говор и култура треба да биде пример за учениците и вработените во училиштето!

Кодекс за однесување на учениците

🎓

Правила за успешно учење

😊

Биди љубезен и почитувај

Доаѓај навреме и подготвен

Слушај и подигај рака кога сакаш да зборуваш

🧹

Чувај ја чистотата и училишниот имот

📱

Користи телефон само со дозвола

🚫

Не насилство – ако видиш проблем, пријави

Биди чесен – без препишување

👔

Носи пристојна облека и спортска опрема кога треба

🤝

Помагај на другарите – сите сме тим

Прашај кога нешто не ти е јасно

Заедно кон успех! 🌟

Следејќи ги овие правила, создаваме пријатна и продуктивна средина за учење за сите.