Трето место на 24. ЕКОНОВА
Со голема гордост и радост споделуваме дека нашата ученичка Ева Ганчева го освои третото место на 24. ЕКОНОВА 2026, која се одржа во СУГС „Никола Карев“ во Скопје!
Под менторство на наставничката Велика Маркова, Ева покажа дека креативноста, иновативноста, знаењето и посветеноста се вистинскиот пат до успехот.
Ова признание е потврда дека младите генерации имаат идеи, потенцијал и желба да придонесат за поодржлива и позелена иднина.
Честитки до Ева и нејзината менторка Велика Маркова! Ви благодариме што со својот труд и успех достојно го претставивте ООУ „Страшо Пинџур“ – Неготино!
Продолжуваме да создаваме, истражуваме и инспирираме!








