Екологистите од нашето училиште посадија Пауловнија
Екологистите од нашето училиште, предводени од наставникот по биологија Шеќерина Симоновска посадија неколку садници од брзорастечкото дрво Пауловнија на споменикот во Неготино, во соработка со Ековита, Неготино.
Целта е да се спречи ерозија на насипот кај споменикот.
Акцијата беше предводена од Ековита како – Регионален координатор за Вардарски регион на Коалицијата за клима на граѓански организации, чиј ангажман е поддржан преку проектот „ Граѓанските организации во акција за климатските промени’’, финансиран од Шведската меѓународна агенција за соработка и развој–Sida, а спроведуван од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопје, Македонското здружение на млади правници и Организација за поврзување на природни вредности и луѓе – ЦНВП.