Реализирани активности по проектот РЕДОВНО НА ЧАСОВИ: Акција за вклучување на Ромите во основното образование
Нашето училиште како добитник на мал грант од 2500 евра во рамки на проектот РЕДОВНО НА ЧАСОВИ: Акција за вклучување на Ромите во основното образование деновите реализираше три воннаставни активности.
Активност: Опремување на училишниот двор со спортски реквизити
Во рамки на оваа активност се обезбеди опрема за потребите на физичкото образование – табла за кош, мрежи за одбојка и ракомет, маса за пинг понг, препреки за трчање и други реквизити. На 06.10.2021 во рамките на Неделата на детето се реализираа спортски активности – Игри без граници.
Реализатор на активноста е : Зоран Симоновски наст. по физичко и здравствено образование
Активност: Будење на креативноста
Во рамки на оваа активност беа обезбедени пакети за моделирање: Модел на робот, Модели на соларен погон, Модел на ветерница, Модел на електричен погон. На 08.10.2021 се реализираше работилница на која ученици од 8 одделение ги склопуваа моделите. На тој начин се развиваше креативноста кај учениците.
Реализатор на активноста: Фросина Богева – наст. по техничко образование
Активност: Пријатели низ светот
Учениците преку Teams се поврзаа и запознаа со свои врсници од Франција. Играа игра во која преку поставување на прашања од тип да/не треба да погодат од која држава се учениците од другата страна на Teams. Потоа учениците ја претставија својата земја и култура.
Со дел од грантот се набави и еден лаптоп кој ќе се користи за вакви воннаставни активности со учениците.
„Проектот РЕДОВНО НА ЧАСОВИ: Акција за вклучување на Ромите во основното образование е финансиран од Европската Унија, а го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија во партнерство со Здружението Центар за образовна поддршка Дендо вас и Фондацијата за образовни и културни иницијативи Чекор по чекор“