Одбележување на Денот на шегата
Учениците од II-а; II-б и II-в на свој уникатен детски начин го одбележаа празникот 1 Април – Денот на шегата. Поради ситуацијата со пандемијата, која ја усложни целокупната воспитно – образовна работа на учениците им се ускратија и многу прослави и одбележувања на многу празници.
Затоа оваа година учениците од второ одделение при ООУ„Страшо Пинџур“-Неготино на хумористичен и шеговит начин преку карикатура ја искажаа најголемата желба на сите луѓе на целата наша планета- Уништувањето на короната. Нивните карикатури го закитија изложбеното ликовно пано во холот на нашето училиште.
Мотото на оваа активност е „КОРОНА ЧАО“.