Реализиран првиот вебинар од Smart Green Spaces
🎥 Првиот вебинар во рамки на проектот Smart Green Spaces – успешно реализиран!
Како дел од нашите активности за дисеминација, на 09.02.2026 го одржавме првиот вебинар во рамки на проектот Smart Green Spaces, каде што со наставници и заинтересирани учесници споделивме идеи, примери и практични пристапи за тоа како училишните дворови можат да станат паметни, зелени и одржливи простори за учење.
Во текот на вебинарот зборувавме за:
✅ поврзување на екологија, технологија и практично учење
✅ примери на активности и сценарија за работа со ученици
✅ користење дигитални алатки и едноставни сензори за следење на услови (микроклима, растенија и сл.)
✅ можности за вклучување на учениците во реални проекти во локалната средина
Им благодариме на сите учесници за активноста, прашањата и одличната енергија! 🙌
Следуваат уште активности и вебинари – останете со нас.














