Театарска претстава Бегалка

Вечерва е премиерата на претставата “Бегалка” од Васил Иљоски, во режија на Маја Атанасова, изведена од членовите на драмската секција во нашето училиште! Споделуваме неколку фотографии од генералната проба за да ве запознаеме со атмосферата пред големиот настап.
Со гордост објавуваме дека сите карти за вечерашната претстава се распродадени! 🎉 За сите кои не успеаа да добијат карта за вечерва, ве известуваме дека ќе има уште една изведба во понеделник. Картите за понеделничната претстава се веќе во продажба.
Не ја пропуштајте оваа можност да уживате во ова ремек-дело на македонската драматургија!