Литературен конкурс
Повик за ученички литературен конкурс
Почитувани,
Ве информираме дека Фондацијата Никола Кљусев со поддршка од министерството за култура и оваа година го спроведува проектот Творам за Македонија, во кој директни учесници се учениците од основните и средните училишта на РМ. Со цел да се поттикне творештвото и креативноста кај младите, проектот вклучува пишани творби (проза или поезија) на зададена тема. Оваа година темата е “Јазикот на душата“.
Затоа, Ве молиме да ги информирате наставниците по македонски јазик да ги запознаат учениците со проектот и заклучно со 20 октомври 2020, да ги испратат трите најдобри творби од Вашето училиште на нашата маил адреса: fondacijanikolakljusev2020@gmail.com.
Конкурсот има награден карактер, поточно, по добивањето на сите творби од пријавените училишта, комисија од реномирани автори ќе ги одбере најдобрите творби. Сите пристигнати творби ќе бидат објавени во посебна е-збирка, која ќе ја добијат сите училишта што учествувале на конкурсот.
Се надеваме на добар одзив од Вашето училиште.
За сите информации Ви стоиме на располагање секој работен ден од 9 до 15 часот.
Координатор на проектот Силвана Јованчева тел. 02 511 99 53; 078300909 ул. Македонија бр. 12, Скопје |