Одбележан месецот на францускиот јазик
Месец март е месец на францускиот јазик, месец на Франкофонијата. По тој повод, сите земји членки на франкофонската заедница, од сите континенти на светот, ја одбележуваат и прославуваат франкофонијата и францускиот јазик со најразлични активности. Франкофонијата е заедница на сите држави во светот кои го зборуваат францускиот јазик како официјален или службен јазик или го изучуваат како втор странски јазик.
Оваа година, професорите по француски јазик од трите училишта од нашиот град организираа заедничка манифестација по повод одбележувањето на Месецот на Франкофонијата, која се одржа во Домот на културата „Ацо Ѓорчев“. Гости на манифестацијата беа амбасадорот на Република Франциија во Република Македонија НЕ г-дин Сирил Бомгартнер, г-ѓа Љупка Димова, директор во Францускиот институт во Скопје, градоначалникот на општина Неготино г-дин Горан Стојанов. Учениците, со свои перформанси на француски јазик, се претставија пред многубројната публика. Амбасадорот на сите учесници им додели Сертификат за учество во манифестацијата и изрази благодарност за големата почит кон францускиот јазик и неговото изучување и негување во образовниот процес.
Во продолжение погледнете го видеото од манифестацијата.