Поставување на зелени места во училишните ходници
Продолжуваат активностите од Erasmus+ проектот „Smart Green Spaces“!
Во рамки на проектот, нашето училиште доби нови зелени катчиња кои се поставени во училишните ходници. Овие мини-оази не само што го разубавија просторот, туку внесоа и чувство на смиреност, свежина и грижа за природата во секојдневието на учениците и наставниците.
Целта на проектот „Smart Green Spaces“ е да поттикне еколошка свест и одговорност кај младите, а овие зелени катчиња се уште еден чекор кон создавање на одржливо и инспиративно училишно опкружување.