Успешно учество и претставување на   ученичката  Ана Николова на манифестацијата ” Првите Прличеви беседи” во Охрид

 По повод 25 Март, кога Григор Прличев во 1860 година добива лаворов венец и награда за поемата  “Сердарот” како победник на конкурсот во Атина, беше распишан литературен конкурс на тема: “Мајка имаме една, а таткојната је хилјади мајки” за ученици од основните и средните  училишта од цела Македонија.  Ученичката од седмо одделение, Ана Николова, освои второ место во категорија најдобра поетска творба и успешно го претстави нашето училиште на поетското читање, одржано во спомен-куќата на Григор Прличев.