Прв транснационален состанок во рамки на Еразмус+ проектот Creating the Network of Excellent ULCA Schools (NELCA)
Првиот транснационален состанок во рамки на Еразмус+ проектот Creating the Network of Excellent ULCA Schools (NELCA) се одржа од 25.10.2023 до 27.10.2023 во Трнава, Словачка. На состанокот учествуваа претставници од сите партнерски организации од проектот.
Состанокот го отвори Jana Chynoradská, од Harmony Academy, која беше домаќин на средбата. Проектниот координатор Markéta Rusnáková од Католичкиот универзитет во Ружомберок зборуваше за целите на проектот NELCA – креирање на едукативни курсеви и воспоставување на меѓународна асоцијација на училишта со фокус на ученикот (ULCA). Потоа беше направена детална анализа на претстојните активности во рамките на проектот и беа договорени важните датуми меѓу партнерите. Постигнат е и договор за стандарди за квалитет на спроведените активности. Детална дискусија се водеше за вториот работен пакет за формирање на Меѓународната асоцијација ULCA и активностите што ќе се спроведат во него. Партнерите се согласија дека месечните онлајн-проектни состаноци ќе започнат во декември и ќе се спроведуваат секој прв петок во месецот.
Од нашето училиште на состанокот присутвуваше Ѓорѓина Димова.