Еразмус+ проект – Creating the Network of Excellent ULCA Schools

Нашето училиште започна со имплементација на Еразмус+ проектот Creating the Network of Excellent ULCA Schools. Проектот е продолжување на претходно реализираниот проект Upgrade with Learner Centered Approach ULCA, во која беше развиена рамка за развивање на компетенциите на наставниците за имплементација на настава со фокус на ученикот, и беше воспоставена процедура за самооценување на наставниците во таа насока. Исто така беа реализирани и обуки за реализација на настава со фокус на ученикот, обука за менаџери, а беше изготвено и упатство за креирање на средина за учење која се фокусира на креирање на средина за учење која ги следи потребите на учениците и овозможува нивно активно учество во наставниот процес.

Проектот Creating the Network of Excellent ULCA Schools (NELCA) e Еразмус+ проект кој има за цел креирање на иновативни училишта преку креирање на едукативни курсеви и основање на мрежа на интернационални ULCA училишта која ќе креира заедница на наставници, менаџери и сите заинтересирани страни кои имаат за цел создавање на култура на иновативна реализација на наставата.

Проектот го координира Католичкиот универзитет во Ружомберок, Словачка (http://www.ku.sk/en) a партнери се: