Работилница „Превенција за заштита од дрога“.

По повод претстојните Новогодишни празници, училишниот педагог и психолог минатата работна недела реализираа работилница со членовите во Ученичкиот Парламент на тема: „Превенција за заштита од дрога“. Целта на оваа работилница беше да се информираат, образоват и да ја зголемат свесноста за штетното влијание од употребата на наркотици.