Активности по повод Светскиот ден на волонтерството

По повод 5 декември светски денот на волонтерството вчера 05.12.22 имаме активност со нашите ученици од ООУ ,,Страшо Пинџур” од Неготино да волонтираат односно помагаат во дневните активности во ЈОУДГ ,, Фемо Кулаков” Неготино со тетките и негователките.
1. Имавме заедничко уредување и украсување на новогодишниот амбиент во градинката.
2.Припрема на нашите најмили деца со презентација за 1 одделение како изгледа еден учебен школски ден .
3.Играње ора и спортски активности со учениците од ООУ,,Страшо Пинџур” Неготино.
4.Мало освежување од наша страна со мандарина,сокче и благо за потрошените калории на нашите најмили деца ❤️
Благодариме за соработката со тетките и негователките од ЈОУДГ ,, Фемо Кулаков” Неготино .
По истиот повод ученици од 6а одделение со наставничката Маркова Велика беа во посета на Домот за стари лица – Жана. Учениците се дружеа со корисниците на домот.