Обуки во рамки на Еразмус проектот “Creating the Network of Excellent ULCA Schools “
Во периодот од 08 до 13.07.2024 во просториите на универзитетот Mykolas Romeris University, во Вилниус се одржаа циклус на обуки, организирани преку проектот „Nelca“. Претставник од ООУ„ Страшо Пинџур“, Неготино беше одделенскиот наставник Марина Станиславова.
Првата обука се одржа од 08-10.07.2024 година на тема: „Градење на одлични училишта“. Обучувач на истата беше Vanda Novoksonova, партнер на Еурофортис, сертифициранТренер на EFQM и оценувач на глобални награди на EFQM, латвиски квалитет. Се работеше на KNOWLO рамката за индивидуално и организациско Самооценување, споделување добри практики и подобрување на предлозите од самопроценка на институциите, учење за подобро формулирање на истите. Во текот на овие 3 дена се говореше за подобро структурирање на организациите, дискусии и активности за инспирирање и подобро водење на организациите. Исто така се спроведоа активности за изработка на план за подобрување и план за одржлив раст. KNOWLO – 7 чекори од трансформација, KNOWLO рамка рекапитулација и подлабоко разбирање. Се презентираа рамките на секоја организација и планот за подобрување.
На 11.07.2024 година се продолжи со обуката за „Градење на визии во училиштата“. Предавач на истата беше Јana Chynoradská, ментор, инспиратор и автор на три книги за личен и организациски развој. Јана е косопственик на јазично училиште ХАРМОНИЈА АКАДЕМИЈА со 24-годишна богата историја и развој. Лидер во LEARN & LEAD INOVATION. Оваа обука претстави нови пристапи кои ги инспирираат луѓето кои работат во училиштата да ги создадат своите сопствени визии, кои ќе им овозможат да растат и да се развиваат за посакуваните резултати. Обуката се засноваше на принципите 9 + 00 Learn & Leave кои поттикнувааткај луѓето превземање на проактивен пристап во нивните животи. Тие беа многу инспиративни и мотивирачки за сите учесници на обуката и за секој кој е подготвен да тргне на патување за само-развој со цел подобро исполнување во животот. Во текот на оваа обука се реализираа различни методи и техники на работа и многу мразокршачи. Како заокружување на втората обука беше креирањето на сопствена – лична визија од страна на секој учесник и презентирање на истата.
На 15.07.2024 година (понеделник) циклусот на обуките се заокружи со состанок за проектот:„Создавање мрежа на одлични ULCA училишта (NELCA). Овој состанок беше воден од страна на Marketa Rusnáková, носител на овој проект. На состанокот се презентираа досегашните постигнати резултати и следните ( идни) чекори, дискусии, техника -Бура на идеи за Мисија на Асоцијација за иновативни наставници и организации и многу предлози за понатамошно делување. Овој циклус со обуки и проектен состанок се финишира со доделување на сертификати за учесниците.