Хуманитарна акција во рамките на предметот Граѓанско образование

Во текот на минатата работна недела, претставници од нашето училиште ,промовирајќи ги хуманите вредности кај учениците,донираа училишен материјал за учениците од подрачните училишта во склоп на нашето училиште . По успешно реализираната хуманитарна акција, собраниот училишен прибор беше рамномерно поделен меѓу ученици од социјален ризик на кои ова им е неопходен материјал за доследно следење на воспитно образовниот процес. Ваквите акции ќе продолжат и во иднина се со единствена цел да се докаже дека секој еден ученик е вреден и секој има право на задоволување на основните потреби за секојдневно функционирање. ЗАЕДНО УСПЕШНО ЌЕ СЕ СПРАВИМЕ СО СЕКОЈ ПРЕДИЗВИК КОЈ НИ СЛЕДИ

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *