Обука во нашето училиште како дел од проектот “Upgrade with Learner Centered Approach”
Во периодот од 24-28 октомври во нашето училиште ќе се реализира обука на тема “Train the LCA teacher-trainer”. На обуката ќе присуствуваат 19 наставници од основни училишта и професори од универзитети од Словачка, Литванија, Словенија и Македонија.
Нашето училиште е домаќин на овој настан како партнер во Еразмус проектот ULCA „Надгради се со пристапот – ученикот во центарот на учичнилницата“//Upgrade With LCA.
Учесниците за време на обуката ќе се валидираат како идни LCA обучувачи кои во иднина ќе им помогнат на наставниците да го примената овој метод, но и на училиштата за започнат на патот да станат ULCA училишта.