Амбасадорот на Република Франција во посета на нашето училиште
Денес во нашето училиште го пречекавме амбасадорот на Република Франција, господинот Сирил Бомгартнер, кој во рамките на проектот за заживување на наставата по француски јазик, донираше интерактивна табла. Учениците му ги претставија минатите и тековните активности кои се реализираат во рамките на наставата и воннаставните активности по француски јазик