Конференција – Од визија до паметна заедница

На 26 февруари во просториите на ООУ „Страшо Пинџур“ – Неготино успешно се реализираше конференцијата „Од визија до паметна заедница“, како дел од дисеминациските активности во рамки на Erasmus+ проектот Smart Green Spaces.

Конференцијата ги обедини наставниците, стручните соработници, директорите, претставниците на локалната заедница и сите заинтересирани за современи пристапи во образованието и одржливиот развој. Присутните имаа можност да се запознаат со целите на проектот, текот на неговата реализација и постигнатите резултати, како и со начинот на кој училиштето ја претвора училишната средина во простор за активно, истражувачко и искуствено учење.

Во рамки на конференцијата беа презентирани реализираните активности: поставување и користење на сензори и micro:bit уреди, активности во училишната градина, теренски истражувања, ученички проекти и развиената „Книга со сценарија“ за интегрирано учење. Посебен интерес предизвика презентацијата на одобрениот слободен изборен предмет „Паметни зелени простори“, преку кој учениците учат како да ја поврзат технологијата со природата, да собираат и анализираат податоци и да предлагаат решенија за подобрување на локалната средина.

Учесниците имаа можност да разменат искуства, да дискутираат за примената на STEM и проектното учење во наставата и да се информираат за можностите кои ги нудат Erasmus+ проектите за професионален развој на наставниците и подобрување на квалитетот на образованието.

Конференцијата покажа дека преку соработка меѓу училиштето, учениците и локалната заедница може да се создаде вистинска паметна и одржлива заедница, а училиштето да стане центар на промени и иновации.

#SmartGreenSpaces #ErasmusPlus #GreenEducation #STEM #Неготино #ПаметниЗелениПростори