Конкурс за избор на ученик на генерацијата 2024/25

Врз основа на член 75 од Законот за Основното образование (Сл.весник на РМ бр.161/19,229/20 I 3/25),чл.15 од Правилникот за пофалби и награди на учениците на ООУ„Страшо Пинџур“-Неготино, a согласно чл. 113 од ЗОО,директорот на училиштето на ден 27.05.2025г. распишува:

 

КОНКУРС

 

Za избор на ученик на генерацијата 2024/2025

 1. Критериуми за избор на ученик на генерацијата се:

-континуиран одличен успех(5,00) во сите одделенија;

-примерно поведение во текот на целокупното времетраење на воспитно-образовниот процес во училиштето;

-залагање, учество и значителни постигања во слободните ученички активности на училиштето;

-да е континуирано ученик во училиштето од 1-во до 9-то одд.,во кое е кандидат за ученик на генерација.

 

  1. Потребна документација:

 -Молба по конкурс

-Копија од Свидетелства од 1- 8 одд. и увид за успех во 9-то одд.(за кое гарантира кл.раководител)во кои документи се гледа и поведението на ученикот

-Сертификати,Дипломи,Награди,Признанија за освоени 1,2 и 3 место на Општински,Регионален,Државен и Меѓународен натпревари како и учество во училишни клубови.

Огласот трае пет дена од денот на истакнувањето на огласна табла во училиштето. Изборот ќе се изврши во рок до мах. 10 дена од завршувањето на огласот.

Молбата со целосната документација да се достави до архива на училиштето.

 

ООУ ,,Страшо Пинџур“ -Неготино

Директор:

————————

Толовска Љубица/