ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА “СНЕЖНАТА КРАЛИЦА”
Од почетокот на оваа учебна година во нашето училиште започна со работа Драмскиот клуб, во кој членуваат 45 ученици, од шесто до деветто одделение. Под менторство на наставничките Трајанка Апостолова, Александра Балкански и Јасмина Анѓелкова беше подготвена и изведена театарската претстава “СНЕЖНАТА КРАЛИЦА ” од Х.К.Андерсен. Претставата со својата сценографија, костимографија, кореографија, сценска музика и ефекти беше големо изненадување и воодушевување за публиката.