Второ место на литературен конкурс
На Меѓународниот литературен хумористичен конкурс „ Јамболијата што лае“, ученичката Марија Атанасовска, под менторство на одделенскиот наставник Марина Станиславова освои втора награда за песната „Веселата дружина“. На 08.06.2024 год. во с.Колешино ОУ,,Видое Подгорец“ Марија ја прочита својата наградена песна пред присутните.