Новогодишен базар „Кујната на Дедо мраз“

Денес, учениците од 6 одделение реализираа Новогодишен базар. На  базарот можеа да се најдат голем број на слатки и солени деликатеси. Базарот беше од продажен карактер и беше посетен од многу граѓани како и гости од општината како и градоначалникот др. Горан Стојанов.