Учество во TED Global Collaborations
Во рамките на TED Global Collaborations, глобални иницијативи за соработка помеѓу наставници и ученици, наставничката по англиски јазик Марија Стојкова, започна соработка со наставничката Џенифер Грука од Основното училиште „Џон Ф Кенеди“ од Плејнфилд, Чикаго во САД. Во активностите се вклучени учениците од седмо одделение, а истата ќе се одвива во текот на следните неколку месеци.
Учениците веќе се запознаа со нивните врсници разменувајќи си пораки преку Padlet, а изработија и видео преставување на своето семејство преку апликацијата Flip. На своите другарчиња ќе им посакаме среќни празници со рачно изработени честитки, а дел од активностите се и размена на презентации за културата и традициите на Македонија и САД, како и видео конференции.