Работилница на тема „Справување со емоции“
Во рамките на проектот „Унапредување на менталното здравје на учениците“ , во соработка со БРО и УНИЦЕФ, на ден 31.01.2023 година, педагогот и психологот на училиштето реализираа работилница на тема: „Справување со емоции“. Целна група беа учениците членови на Ученичкиот Парламент со цел, на учениците да им се помогне да ги разберат и регулираат сопствените емоции, мисли и однесување, да развиваат и одржуваат позитивни социјални односи, да носат зрели и одговорни одлуки и да имаат подобри академски постигања.