Планинарска тура с. Горни Дисан

По повод недела на детето и ден на учителот ООУ ,, Страшо Пинџур “ Неготино во неделата 09.10.2022 со одговорен наставник за планинарска тура Зоран Симоновскии и дел од наставниците со учениците се изведе планинарска тура од С. Горни Дисан до археолошки локалитет (Градот). За секој учесник следува здрав појадок јаболка и банана а на врвот топло чајче со лимон. Сите деца безбедно го искачија врвот и се вративме од каде што почнавме од ООУ ,,Страшо Пинџур” Неготино.Изморени и на крајот среќни и спремни за идните спортски активности . Благодарност до подржувачите на настанот за да биде во безбедносен и здраствен ред : -докторот Оливер Ристов -фармацевтот Гордана Симоновска со полн ранец лекови -искусниот планинар Митко Василев кој помогна со проф. по физичко Зоран Симоновски да ја исчистат патеката и маркираат во саботата а во неделата планинарот Митко Василев да биде испомош бидејки е голема група. Благодарност до родителите што ги пуштивте нашите ученици со нас во недела да им ја претставиме планината,природата и нејзините вредности . Спортски поздрав до сите .