Потрага по богатството – едукативна игра
На 28 септември со учениците од 9 одделение беше реализирана едукативна игра. Со користење на мобилните телефони и апликациите google maps, google sheets и strava, учениците на 4 точки низ градот (Спомен костурницата, спортстката сала, Градската библиотека и училиштето) решаваа загатки од хемија, физика, македонски јазик и француски јазик. Во активноста се вклучи и Градската библиотека. Исто така се користеше и програмибилен дрон кој учениците ги доведе до крајното богатство.
Како гости во играта учествуваа и ученици од ООУ „Петре Поп Арсов“ – Богомила.