Втор настан во рамките на Европската недела на спортот
По повод Европската недела на спортот во Неготино се одржа спортски настан на кој учество земаа ученици од ООУ ,,Страшо Пинџур” Неготино . Настанот се одржа денес сабота 24.09.2022 во 8.00 часот со почеток од паркот во населбата Саат Кула и пешачевме до Цуцката во близина на Неготино и финиш Саат Кула. Настанот е организиран во соработка со Општина Неготино, Агенцијата за млади и спорт, Федерација на училишен спорт . Организатор на настанот е проф. по физичко Зоран Симоновски. Успешно сите ученици вратени живи, здрави и насмеани и спремни за следните предизвици .