Учество на обука „Градење на извонредни училишта“
Во периодот 21 – 28 август Петар Лазов наст. по англиски јазик учествуваше во активности во рамките на „ЕРАЗМУС+“ проектот Upgrade with Learner – Centered Approach на тема „Градење на извонредни училишта“ (Building Excellent Schools) во Рига, Латвија.
Обуката беше комбинација од теоретски и практичен пристап, кој може да помогне во градењето на извонредност во училиштата за нивно подобрување на задоволство на сите заинтересирани страни: учениците, родителите, вработените итн.
Во текот на обуката учесниците се запозначе делумно со моделот EFQM, чија улога првенствено е да се направи длабинска анализа на состојбите во училиштата преку квалитетен систем на самоевалуација, па понатаму да се надградува квалитативно се до постигнување на висок степен на извонредност.
На обуката учествуваа 15 професори и директори на училишта и на високообразовни установи од Латвија, Македонија, Словачка, Литванија и Словенија.