VIVE LA FRANCOPHONIE

По повод Месецот на Франкофонијата, во нашето училиште се реализираа голем број на активности, под мотото „VIVE LA FRANCOPHONIE“. Во активностите учествуваа ученици од сите одделенија. Беше организирана ликовна изложба под истото мото, поетско читање на детска поезија од францускиот поет Гијом Аполинер, куклен театар „Les symboles de la France“, читање на лични творби на француски јазик, како и изведба на француски песни од страна на наши ученици и хорот на училиштето. Активностите се реализираа под менторство на наставничките по француски јазик Трајанка Апостолова и Александра Балкански.

Во продолжение погледнете го видеото со активностите на учениците.