Општински натпревар по англиски јазик

На 19.03.2022 во организација на ЕЛТАМ МК се одржа општинскиот натпревар по англиски јазик на кој 10 наши ученици зедоа учество. Под менторство на наставниците Петар Лазов, Љубица Толовска и Марија Стојкова учениците одлично го претставија училиштето и го постигнаа следните резултати:

9 одд – Ангела Лазова – 2 место, Маријана Николова – 3 место

8 одд – Марија Атанасова – 1 место, Екатерина Хаџиска – 1 место

7 одд – Ленче Најдова – 2 место, Дафина Будбарова – 3 место

6 одд – Давид Гонзалез – 3 место, Илија Богоев – успешно претставување

5 одд – Марија Јанчева – 1 место, Даријан Анѓелков – 2 место

Им честитаме на учениците и им посакуваме успех во понатамошните натпреварувања.