Резултати од регионалниот натпревар по француски јазик

На регионалниот натпревар по француски јазик за 7 одд. кој се одржа на ден 18.03.2022 година, ученичката Марија Ристова од 7в одд. го освои второто место и се пласира на државен натпревар. Со право на учество на државниот натпревар се стекнаа и ученичките Невенка Андова и Петранка Павлова од 7б одд, рангирани меѓу 6те најдобри во регионот. Ментор на учениците е наставничката Александра Балкански.