ULCA Excellence Pathway for Teachers

Онлајн настан ULCA Excellence Pathway for Teachers се одржа на 19.01.2022 од 13:00 до15:00., со цел презентација на ULCA Excellence Pathway for Teachers (рамка за развивање на ULCA компетенции кај наставниците), развиена во рамки на KA203 Erasmus+ проектот “Upgrade with learner centered approach” координиран од Педагошкиот факултет, Catholic University во Ружомберок. Словачка,  а во кој нашето училиште работи како партнер.

На почетокот на настанот Gabriela Lojová и Jana Chynoradská дадоа вовед во основите на Рамката за развој на компетенциите на наставниците во поглед на наставата која во фокусот го има ученикот. Објаснување за клучните области во кои треба да се развива секој наставник беше дадено. Потоа, Lenka Krasuľová го опиша нејзиниот професионален развој како наставник во рамките на овој процес.

Маја Виденовиќ, од Центарот за иновации и дигитална едукација, зборуваше за важноста на континуираниот професионален развој. Таа ја опиша интеграцијата на развојните фази во секоја од областите во поглед на реализација на наставата која во фокус го има ученикот, објаснувајќи како компетенциите на наставникот се зајакнуваат од една во друга развојна фаза. Ја опиша имплементацијата на овој пристап во наставата, а даде и некои примери за добри практики на настава која во фокус го има ученикот. На крајот ја поврза оваа Рамка за развој на компетенциите на наставникот со компетенциите на наставниците, како и професионалниот и кариерниот развој во Македонија.

За време на настанот учесниците имаа можност да работат во групи и да споделуваат идеи, примери и добри практики од настава со фокус на ученикот, како и можности за професионален развој на наставниците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *