Трет транснационален состанок во рамки на проектот “Upgrade with learner centered approach”

Третиот транснационален состанок во рамки на Еразмус+ проектот „Upgrade with Learner-centred Approach” се одржа на 24 и 25.09.2021 година, во основното училиште во Добје, Словенија. Маја Виденовиќ, Владимир Трајковиќ и Мирјана Јанкуловска, како претставници на Диг-Ед земаа активно учество во текот на дводневната средба заедно со проект партнерите од Словенија, Словачка и Литванија.

Во училиштето беше презентиран метод за учење на наставниците – learning walks, како начин да се соберат информации за реализацијата на наставата, да се забележи напредокот и подрачјата за развој. Целта на овој метод на учење е да се даде развојна и конструктивна повратна информација на наставникот која би ја подобрила наставата на ниво на училиште. Учесниците на состанокот имаа можност да учествуваат во една ваква активност и да дадат повратна информација за реализација на три различни наставни часа.

Во текот на состанокот беше извршена финална презентација на Рамката за компетенции на наставниците во однос на имплементација на настава со фокус на ученикот, а беше направена анализа и на формуларот за самоевалуација на наставнциите и за набљудување на час во кој ученикот е во центарот на наставата. Беше договорено неколку наставници од партнер организациите во проектот да извршат пилот тестирање на Рамката за компетенции на наставниците и формуларите за евалуација на наставниците. За време на состанокот се поставија и основите на вториот интелектуален продукт од проектот – Изработка на водич за училиштата за реализација на настава со фокус на ученикот.

На крајот на состанокот беа договорени роковите за реализација на активностите поврзани со менаџментот на проектот, како и термините за виртуелни состаноци во текот на следниот период, четвртиот транснационален состанок и конференцијата во Литванија во рамки на проектот.

Состанокот помина во работна и конструктивна атмосфера, придружен и со активности за подобрување на комуникацијата и подобро запознавање на проектните партнери помеѓу себе.