Одбележан 3 јуни – Светскиот ден на велоспиедите

По повед 3 јуни светскиот ден на велосипедите учениците и стручниот актив по ФЗО од ООУ” Страшо Пинџур” од Неготино спроведија велосипедска тура .Активностите се координирани од страна на професорите Зоран Симоновски и Јордан Симоновски.
Учесниците го истакнаа значењето на велосипедите како лек за градскиот сообраќаен метеж. Овие велосипедски тури поттикнуваат да се користи ова средство и влијаат позитивно . За целосно развиена велокултура треба да се вложи уште многу. Велосипедот е средство за уживање и симбол на слобода.
Кој пробал знае .
Да ги примениме и задржеме здравите навики кој не одржуваат во пријатна физичка и психичка состојба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *