Работилница со Младен Чадиковски на тема „Лажни вести“

Денес како последна активност за оваа година се реализираше работилница со учениците од 8 и 9 одделение на тема „Лажни вести и нивно препознавање“. Работилницата се реализираше во организација на Македонскиот институт за медиуми а говорник беше Младен Чадиковски – одговорен уредник во ТВ 24.

Учениците разговараа за тоа што е лажна вест, кој ги шири овие вести, зошто  и како да ги препознаваме и да се бориме против лажните вести.