Литературен конкурс

Повик за ученички литературен конкурс

Почитувани,

Ве информираме дека Фондацијата Никола Кљусев  со поддршка од министерството за култура и оваа година го спроведува проектот Творам за Македонија, во кој директни учесници се учениците од основните и средните училишта на РМ.

Со цел да се поттикне творештвото и креативноста кај младите, проектот вклучува пишани творби (проза или поезија) на зададена тема.

Оваа година темата е Јазикот на душата“.

Затоа, Ве молиме да ги информирате наставниците по македонски јазик да ги запознаат учениците со проектот и заклучно со 20 октомври 2020, да ги испратат трите најдобри творби од Вашето училиште на нашата маил адреса:

fondacijanikolakljusev2020@gmail.com.

Конкурсот има награден карактер, поточно, по добивањето на сите творби од пријавените училишта, комисија од реномирани автори ќе ги одбере најдобрите творби. Сите пристигнати творби ќе бидат објавени во посебна

е-збирка, која ќе ја добијат сите училишта што учествувале на конкурсот.

Се надеваме на добар одзив од Вашето училиште.

За сите информации Ви стоиме на располагање секој работен ден од 9 до 15 часот.

Координатор на проектот

Силвана Јованчева

тел. 02 511 99 53; 078300909

ул. Македонија бр. 12, Скопје

fondacijanikolakljusev2020@gmail.com.

info@nikolakljusev.org.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *