Резултати од литературниот конкурс по повод патрониот празник

По повод Патрониот празник на нашето училиште „Страшо Пинџур“, Неготино, Активот по Македонски јазик, на ден 20.02.2024 год. организираше литературен конкурс на тема: Мојот јазик – мојот корен мојата душа, моето јас. На конкурсот се наградени следниве ученици:

– Првото место & припадна на ученичката Ана Николова од 7г одд.

– Второто место го освои ученичката Мила Василева од 7а одд.

– Третото место & припадна на Павлинка Недева од 9г одд.

Првонаградената творба ќе биде прочитана на прославата на Патрониот празник на училиштето.

Наставниците по Македонски јазик им честитаат на наградените ученици, а на останатите им се заблагодаруваат за учеството на литературниот конкурс.