Хемиски спектакл

На 14.12.2023 учениците од осмо одделение од нашето училиште под менторство на наставниците Велика Маркова и Марика Вучкова учествуваа на ,,Хемиски спектакл”организиран на институтот по хемија на ПМФ-Скопје.Со изведба на многу впечатливи експерименти преку забава и интеракција учениците се запознаа со хемијата како наука.Од реакциите што се изведуваа пред нивните очи тие стекнаа нови и трајни знаења.Овој несекојдневен настан не само што ги откри нивните научни вештини,туку и ги засили нивните апетити за откривање и истражување