Средба со Амбасадорот на Република Франција

На покана на Амбасадорот на Република Франција, директорот Сашо Ѓорѓиев, заедно со наставничката по Француски јазик Трајанка Апостолова и ученикот Илија Богоев, присуствуваа на коктел средба во резиденцијата на францускиот амбасадор. На средбата присуствуваа основните училишта кои се дел од проектот „J’aime le français“ и беше  претставена програмата со активности кои ќе се реализираат во текот на учебната година. Исто така, учениците кои беа поканети имаа можност да се дружат меѓусебе и да се запознаат и разговараат со амбасадорот.