Прием на првачињата во Детската организација

По повод приемот на првачињата во Детската организација, стручниот актив на одделенски наставници организираше пригодна програма под мотото: Другарството е…За таа цел учениците од второ до петто одделение учествуваа со музички кореографии, а најмалите – првачињата ја дадоа свечената заклетва водени од директорот на ООУ ,, Страшо Пинџур” г- дин Сашо Ѓорѓиев. Целата програма беше проследена со силни аплаузи и уживање.