Реализирани работилници со учениците

Во текот на оваа работна недела, нашиот педагог и психолог реализираа две работилници за унапредување на менталното здравје на учениците на тема: „Справување со емоции“ и „Контрола на сопствената лутина“. Целна група на овие работилници беа ученици од 6 и 7 одделение. Работилниците се одвиваа во насока како да го контролираме сопственото однесување при тешки и силни емоции, зошто е важно да можеме да превземеме нешто, некоја активност. Се изучуваа и техники за контола на сопствената лутина како и низа начини за надминување на истата.