Активност: Од деца за деца

На ден 27.04.2023 год. (четврток) во нашето училиште се реализираше драматизација на претставата “На другата страна од оценките”, во која учество земаа дел од учениците од петто в одд. Целта на оваа активност беше развивање на креативните способности кај децата, развој на детскиот орален говор, визуелна меморија, способност за анализа и донесување заклучоци. Од содржината на претставата очекуваме да се поттикне кај децата чувство на љубезност, подготвеност да се помогне на секого во неволја, способност да бидат другари. Публика беа учениците од второ, трето, четврто и петто одделение од нашето училиште.