Спроведена анкета во нашето училиште

На ден 23.12.2022 година во нашето училиште се спроведе анкета поддржана од Министерството за образование и наука во соработка со ОБСЕ. Целта на анкетирањето е согледување на перцепциите и ставовите во врска со меѓуетничката интеграција во образованието. Во истражувањето учествуваа 104 основни и 33 средни училишта и вклучува ученици, наставници, стручни соработници и директори на училишта, како и родители на учениците од нашата земја. За потребите на ова истражување, од нашето училиште опфатени беа вкупно 36 ученици, распоредени во две групи (од 4 до 6 одд. и од 7 до 9 одд.), 36 родители и 16 вработени. Анкетирањето го спроведе одговорно лице назначено од МОН, Сандра Колева професор по одделенска настава во ООУ “Тоде Хаџи Тефов”-Кавадарци во соработка со нашиот училишен педагог Милена Белевска.