Работилница со родители во ПУ с. Криволак

На 06.12.2022 во ПУ с.Криволак се одржа работилница за родители реализирана од страна на педагогот и психологот на училиштето. Со оваа работилница на тема “Значењето на образованието” се очекува зајакнати партнерските односи со родителите и подигната свест кај нив за значењето и придобивките од образованието. Во прилог на родителите од ромска националност, на денешната средба службата направи и промоција на Ромскиот образовен медијатор која воедно е и наша поранешна ученичка, а која во соработка со нашето училиште ќе започне активности за училишниот живот, напредокот и постигнувањата на учениците од ромска националност.