Сет од работилници реализирани од страна на стручната служба
Во текот на оваа работна недела, педагогот и психологот на училиштето реализираа работилници со ученици од предметна настава на две теми: „Значењето на обраованието“ и „Развивање критички однос кон медиумите“.
На овие работилници учениците дискутираа околу значењето на образованието за иднината на младиот човек, и за тоа како критички да ги примаме информациите кои ги добиваме од медиумите.