Обука на наставници “Train the LCA teacher-trainer”

Во периодот од 24-28 октомври во нашето училиште се реализираше обука на наставници – обучувачи кои подоцна ќе го пренесуваат своето знаење на останатите наставници. На обуката присуствуваа 21 наставник од Литванија, Латвија, Словенија, Словачка и Македонија. Од нашето училиште учествуваа наставничките Марија Стојкова и Ѓорѓина Димова.