Одбележана Неделата на детето

Oваа работна седмица протече во знакот на детето, бидејќи беше Недела на детето под мотото –Другарството е дел од детската среќа. По тој повод во нашето училиште успешно се реализираа повеќе активности. Спортски полигон за учениците од трето, четврто и петто одделение, цртање  во училишниот двор со прво и второ одделение, литературно и ликовно творење на тема –Детство, Другарство и Детски игри и др.активности. Исто така и во четирите подрачни училишта во селата Пепелиште, Криволак, Црвени Брегови и Војшанци се реализираа бројни активности за детето и  другарството. Круна на сите активности беше приредбата посветена на учениците од прво одделение, каде со културно уметничка програма учениците од второ, трето, четврто и петто одделение им го разубавија свеченото примање во големото семејство на Детската организација. Тие денес ја дадоа својата свечена заклетва дека ќе бидат добри, вредни и примерни ученици и од се срце им посакуваме се најдобро.